D-drops
Природен витамин Д3
Витаминот Д е липосолубилен витамин кој има повеќе докажани позитивни ефекти во подобрување на здравјето. Витаминот Д придонесува во одржувањето на нормалната градба на коските кај возрасните, како и на нормалниот раст и развој на коските кај децата. Овој витамин е значаен и за нормалната функција на мускулите во телото. Воедно придонесува во одржувањето на здрави заби. Исто така, докажано делува на нормалната функција на имунолошкиот систем, како кај децата, така и кај возрасните.
Не е само лесен за употреба, туку нашиот нов производ содржи витамин Д3, холекалциферол, најактивна форма на витамин Д, кој многу делотворно го зголемува нивото на витаминот Д во крвта, спротивно на витаминот Д2 (ергокалциферол). Најдобар природен извор на витамин Д3 е маслото од црниот дроб на бакаларот, кое исто така е додадено во нашата формула. Покрај тоа и пакувањето е многу економично, бидејки едно шишенце може да содржи и до 300 дози.
Зошто ни е потребен Д витаминот?
Првенствено за здраво формирање на коските и за нивното одржување – тоа е првото нешто на кое сите помислуваат. Меѓутоа благодарение на неодамна спроведените истражувања, се открило дека Д витаминот има извонредно комплексна и многу важна улога во здравото функционирање на човековиот организам, многу поголема од она што се мислело порано. И сега веќе знаеме дека иако нашето тело го создава со помош на УВ-Б зраците, неговиот недостаток станува многу распространета “болест”.
Како доаѓа до тоа?
Изгледа дека тоа е затоа што не поминуваме доволно време на отворено. И затоа што “благодарение” на временските услови и начинот на живот, на северната хемисфера не сме изложени на сонце во таква мера, која би била задоволувачка и би обезбедила производство на доволна количина на витамин Д. Воедно количините кои се синтетизираат и варираат од едно до друго годишно време не се секогаш доволни, на пример во зима се речиси безначајни. Честата и долготрајна примена на одредени лекови исто така го блокира создавањето на витамин Д (антиинфламаторни лекови на база на стероиди, како и лекови за намалување на холестролот). Исто така и со стареењето во уште поголема мера се намалува способноста на организмот за создавање на витамин Д, а со исхраната покриваме само едно делче од дневните потреби.
Значењето на витаминот Д
Со испитувањата на општата популација и добиените податоци преку анализите во последните неколку години можеме да дојдеме до заклучок дека витаминот Д всушност претставува панацеа. Учествува не само во изградбата и одржувањето на здравјето на коските и забите, туку придонесува и за намалување на ризикот од настанување на неколку видови на рак (на дебело црево, дојки), штити од двата вида на дијабетес и може благотворно да влијае на здравјето на женскиот хормонален систем и плодноста. За време на бременоста и доењето е од огромно значење, а покрај тоа може да помогне и да заштити од забавување на развојот на нервните и псхичките заболувања (пр. шизофренија, мултипла склероза, деменција, Паркинсонова болест, аутизам, епилепсија, Алцхајмерова болест, депресија, пост-натална депресија). Накратко, со правилен внес можеме во голема мера да придонесеме за заштитата и подобрувањето на здравјето. Спротивно на тоа што се верувало до сега, предозирањето не може да се случи лесно, бидејки симптомите на предозирање се јавуваат само во случаи на суплементација со екстремно високи дози (10 000 ИЕ) во период од неколку месеци.
Потребите за витаминот Д се менуваат во зависност од здравствената состојба и возраста, а недостатокот во секој случај го зголемува ризикот од настанување на болести. Во детството е од исклучително големо значење за правилен развој на коските и нормално функционирање на мускулатурата, а подоцна соодветниот внес на витамин Д може да го намали ризикот од настанување на кардиоваскуларни и автоимуни заболувања, како и различни воспаленија. Во староста, помага во превенцијата од губиток на коскената маса, како и зачувување на мускулната сила и менталната свежина, додека за време на бременоста (кога недостатокот на витаминот Д е честа појава) помага во зачувување на здравјето на мајката и фетусот, а подоцна може да влијае и на здравиот развој на детето. Во случаите на недостаток, ризикот од инфаркт на миокардот се зголемува за 2,5 пати, а доаѓа и до покачување на вредноста на крвниот притисок. Лицата со покачена течесна тежина имаат поголема потреба за витамин Д, а истовремено соодветниот внес на витаминот Д кај нив би имал позитивно дејство на инсулинската резистенција.
Од сега зачувувањето на Вашето здравје стана поедноставно! Ви го представуваме најновиот производ на CaliVita® D-drops, најнова формула на витамин Д. Го создадовме D-drops така да има едноставна примена за секој член од фамилијата. Благодарение на течната форма, е многу едноставен за употреба, без оглед на тоа дали станува збор за дете или повозрасно лице. Има исклучително пријатен вкус благодарение на природниот цитрусен состав, но истовремено нема многу карактеристична арома, па може да се меша и во јадење и пијалоци. Во производството на овој производ не користиме никакви вештачки ароми, бои, засладувачи или шеќер.
Не е само лесен за употреба, туку нашиот нов производ содржи витамин Д3, холекалциферол, најактивна форма на витамин Д, кој многу делотворно го зголемува нивото на витаминот Д во крвта, спротивно на витаминот Д2 (ергокалциферол). Најдобар природен извор на витамин Д3 е маслото од црниот дроб на бакаларот, кое исто така е додадено во нашата формула. Покрај тоа и пакувањето е многу економично, бидејки едно шишенце може да содржи и до 300 дози.* Со тоа, D-drops представува добра инвестиција во зачувување на здравјето. Адекватното ниво на витаминот Д би ги намалил за 90% случаите на грип, па на тој начин би можеле да заштедиме и пари кои би ги потрошиле на третманот на симптомите на грип.
Имајки ги во предвид резултатите добиени во последните години, неколку здравствени организации вклучувајки го и Националниот институт за здравје на Харвардскиот универзитет, ја поддржуваат идејата за заголемување на препорачаната дневна доза на витамин Д за 30-60%. Суплементацијата со овој витамин е од посебно значење за време на потемната есенска и зимска сезона, во бременоста, кај деца во развој, за зреме на менопауза и за постари, како и во случаи на проблеми со апсорпцијата на витаминот Д и дебелина (хронично гастроинтестинално нарушување, Кронова болест и улцеративен колит).
Триглицериди со средни ланци (MCT) 95 мг
Зошто ни е потребен Д витаминот?
Значењето на витаминот Д
- Со долгогодишно докажано професионално минато, CaliVita ги нуди своите производи кои ги исполнуваат највисоките стандарди повеќе од 20 години.
- Ние секогаш се стремиме кон користење на природни состојки кои потекнуваат од најдобрите извори.
- Додека ги развивавме, користевме начини за подобра абсорпција, на пример органска форма на состојките или целиот производ.
- Нудиме 100% гаранција за квалитетотна нашите производи.
- Нашите производи подлежат на строги и повеќекратни проверки и процедури, со цел да се осигура одличниот гарантитан квалитет.
- Најголениот дел од нашите додатоци во исхраната се произведени во фармацевтски услови во Соединетите Американски држави.
- Производите се произведени според принципите на cGMP (current Good Manufacturing Practice), а исто така подлежат и на континуирани контроли и редовни проверки од страна на FDA (Food and Drug Administration). Ние работиме во тесна соработка со локалните агенции за дозволи на истите производи, се со цел да се осигура дека нашите корисници секогаш ќе ги добијат бараните производи со највисок квалитет.