Joint Protex Forte
додаток во исхраната
ефикасни зглобови
На здравјето на нашите зглобови влијаат многубројни фактори. Со стареење првенствено се трошат зглобовите, што е разбирливо, затоа што се трошат прво оние делови кои најмногу се користат и постојано работат, на пр. треба да ја носат севкупната телесна тежина (колкови, колена). Тој процес на постепено трошење може да се забрза заради недостаток на редовна физичка активност и зголемување на телесната тежина. Посебно внимание треба да се посвети на зглобовите доколку некој професионално се занимава со спорт или работи тешка физичка работа, како и наследните фактори (првенствено кај женските индивидуи).
Постојат ситуации во животот кога на нашите зглобови им е потребна дополнителна заштита. Joint ProteX FORTE благодарение на зголемените дози на активни состојки подобро ги штити зглобовите, па со самото тоа првенствено го препорачуваме на индивидуи на кои им е потребна дополнителна заштита.
Активните состојки на препаратот Joint ProteX FORTE можат да допринесат во сочувување на здравјето на нашите зглобиви и останатото врзивно ткиво во организмот. Глукозаминот влегува во состав на рскавицата и ако се внесе во вид на додаток на исхраната, ја јакне рскавицата и го потпомага нормалното функционирање и регенерирање на зглобовите. Хондроитинот заеднички делува – синергистички – со глукозаминот како средство за подмачкување на зглобовите. Хијалуронската киселина слично како хондроитинот допринесува во подмачкувањето на површината на рскавицата во зглобовите и врзува значително количество на вода. Метил – сулфонил – метанот или МСМ заради својата улога во синтеза на белковинско врзно ткиво, помага во сочувување на здрава структура на рскавицата, и заради тоа е многу честа состојка во производите кои се наменети за заштита на зглобовите и рскавицата. Препаратот покрај наведените содржи и други благотворни растителни екстракти кои ги подобруваат детоксикациските процеси во зглобовите и врзивното ткиво а делуваат и противоспалително и против болка. Цинкот и манганот се додаваат за подобар квалитет на белковините во сврзното ткиво.
Хондроитин сулфат 270 мг
Хијалуронска киселина 50 мг
Метил-сулфонил-метан (МСМ) 150 мг
Екстракт од темјан 50 мг
Медуника 40 мг
Куркума 10 мг
Цинк 5 мг
Манган 1 мг
- За лицата кои се чувствителни на море школки, неговата примена треба да се избегнува.
- Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
- Додатоците во исхраната не може да биде замена за балансиран мешани исхрана.
- Да се чува вон дофат на мали деца.
- Со долгогодишно докажано професионално минато, CaliVita ги нуди своите производи кои ги исполнуваат највисоките стандарди повеќе од 20 години.
- Ние секогаш се стремиме кон користење на природни состојки кои потекнуваат од најдобрите извори.
- Додека ги развивавме, користевме начини за подобра абсорпција, на пример органска форма на состојките или целиот производ.
- Нудиме 100% гаранција за квалитетотна нашите производи.
- Нашите производи подлежат на строги и повеќекратни проверки и процедури, со цел да се осигура одличниот гарантитан квалитет.
- Најголениот дел од нашите додатоци во исхраната се произведени во фармацевтски услови во Соединетите Американски држави.
- Производите се произведени според принципите на cGMP (current Good Manufacturing Practice), а исто така подлежат и на континуирани контроли и редовни проверки од страна на FDA (Food and Drug Administration). Ние работиме во тесна соработка со локалните агенции за дозволи на истите производи, се со цел да се осигура дека нашите корисници секогаш ќе ги добијат бараните производи со највисок квалитет.